Најмалку 20 луѓе загинаа при синоќешниот напад на терористичката група Ал Шабаб во сомалиската провинција Хиран.
Припадниците на Ал Шабаб нападнале конвој од четири камиони и три патнички минибуса, што биле придружувани од сомалиските власти и мировните сили на Африканска Унија што патувал кон главниот град на Хиран, Беледуеин.
Сомалиската армија соопшти дека Ал Шабаб во изминатите 48 часа ги интензивирала нападите врз цивили во Хиран и во соседната провинција Галгадуд.
Под контрола на Ал Шабаб е голема територија во централна и јужна Сомалија. Новиот сомалиски претседател Хасан Шеик Мохамуд вети голема операција за задушување на 15-годишниот бунт.
Извор: МИА