Во експлозија пред и во џамија во нигерискиот град Муби загинаа најмалку 20 лица, соопшти полицијата.
Се претпоставува дека нападот е извршен од припадници на екстремистичката група Боко харам.
Претседателот на Нигерија, Мухамаду Бухари на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, изјави дека Боко харам е „ужасен проблем“ за Нигерија.
Во нигериската сојузна држава Борно при минатонеделниот напад на џихадистичката група Мајдугури загинаа четири лица.