Најмалку 20 луѓе во бурата Ерика во Доминиканска Република

Од:

Најмалку 20 лица загинаа, а 31 се водат како исчезнати во бурата Ерика што го зафати карибскиот остров Доминиканска Република, соопштија денеска локалните власти.

Премиерот на Доминиканска Република Рузвелт Скерит синоќа изјави дека се уништени стотици куќи, мостови и патишта.

– Бурата предизвика поплави и лизгање на земјиштето и оваа катастрофа ја врати земјата 20 години назад, посочи Скерит.

Во бурата Ерика загинаа најмалку четири лица во Пуерто Рико. Бурата ги погоди и Девствените Острови.

Поради бурата Ерика се очекува невреме и на Хаити, на Бахами и на островите Таркс и на Кајкос.

Гувернерот на американската сојузна држава Флорида, Рик Скот прогласи вонредна состојба поради приближување на бурата Ерика.

Метеоролозите прогнозираат дека Ерика ќе стигне до Флорида в понеделник, но оти бурата нема да прерасне во ураган.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Невреме во Британија: Откажани се околу 140 летови, патници се блокирани во неколку градови

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Дел од Хрватска под снежна бура: Вклучен црвен метео-аларм

А1он

Силен ветер во Сочи, едно лице загина, 12.000 луѓе без струја

Нова бура над Велика Британија, училиштата затворени, на луѓето им е кажано да работат од дома

Повеќе од 1,2 милиони домови во Франција останаа без струја