Најмалку 19 лица, меѓу кои има и деца, загинаа, а 35 се повредени во судар на два автобуси што денеска се случил во провинцијата Пунџаб, во источниот дел на Пакистан.
Претставник на полицијата Имран Јакуб соопшти дека несреќата се случила на мост во близина на местото Дера Гази Кан.
Се стравува дека бројот на жртви ќе се зголеми, со оглед на тоа што многумина од повредените се во критична состојба.