Најмалку 19 загинати во фабрика за мебел во Египет

Од:

Деветнаесет работници денеска го загубија животот во пожар во фабрика за мебел во северниот дел на Каиро, предизвикан од експлозија на плинска боца, соопштија претставници на безбедносните служби и здравствените власти, пренесе Фена.

Во пожарот се повредени и 22 работници.

Според изјава на порпаролот на Министерството за здравство, Хошам Абдел Хафар, огнот се појавил во фабриката за мебел во индустриската зона Ал-Обур, на север од Каиро

Неколку противпожарни возила се упатени да го гаснат пожарот предизвикан од експлозија на плинска боца, што се проширил на три ката од фабриката, специјализирана за канцелариски мебел, и на нејзиниот склад, наведува претставник на безбедносните служби

Ваквите несреќи се честа појава во Египет заради слабиот квалитет на градбите и непочитување на безбедносните норми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува