Најмалку 19 убиени и 28 повредени во бомбашки напад во Пакистан

Од:

Најмалку 19 лица загинаа, а 28 други се ранети денеска при бомбашки напад во близина на две џамии во северозападен Пакистан, соопшти полицијата.

Бомбата експлодирала кога верниците излегувале од џамиите во градот Хангу по петочната молитва. Една џамија била сунитска, а другата шиитска.

Двете верски заедници често влегуваат во меѓусебни судири во регионот.

Градот Хангу се наоѓа во близина на племенските региони долж границата со Авганистан, кои се упориште на талибанците и Ал Каеда.

Досега се уште никој не презеде одговорност за нападот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица