Најмалку 19 лица загинаа во лавина на пакистанската граница

Од:

Најмалку 19 лица денеска загинаа во лавина обидувајќи се да го преминат планинскиот премин меѓу Авганистан и Пакистан, изјави талибански претставник.

Неколку групи луѓе се обидувале да ја преминат границата кога тргнала лавината, изјави Наџибула Хасан Абдал, директор за информации и култура за провинцијата Кунар во источен Авганистан.

– Досега се пронајдени 19 тела, рече тој, додавајќи дека спасувачите трагаат по други жртви и можни преживеани.

Многу Авганистанци секојдневно се обидуваат да ја преминат планинската граница со Пакистан во потрага по работа или основни потреби.

Пакистан ја комплетира оградата за заштита на порозната граница со Авганистан долга 2.670 километри.

Во 2015 година, повеќе од 250 луѓе загинаа во лавини во Авганистан.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

Лавина во близина на Фукушима, повеќе од 40 луѓе се евакуирани со хеликоптери

Нападната база во Кабул: Има мртви

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените