Најмалку 18 убиени во напад на полициски пункт во Кина

Од:

Најмалку 18 лица загинаа во напад на етнички Ујгури врз полиција на контролен пункт во кинескиот западен регион Синџианг, јави денеска Радио Слободна Азија.

Нападот се случил пред два дена во предградие на градот Кашгар, каде тензиите меѓу муслимански Ујгури и мнозинските Хан Кинези во изминатите неколку години често предизвикуваат крвави инциденти.

Напаѓачите убиле неколку полицајци со ножеви и бомби по упадот во сообраќаен контролен пункт со автомобил во округот Татакорук во Кашгар.

Полицијата одговорила на нападот и убила 15 осомничени лица, означени како терористи.

Нападот доаѓа на почетокот на муслиманскиот свет месец Рамазан.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски