Најмалку 18 египетски полицајци убиени во напад на џихадисти на Синај

Од:

Египетските безбедносни власти соопштија дека најмалку 18 полицајци се убиени во напад врз конвој возила на Синајскиот Полуостров.

Нападот го потврди и претставник на Министерството за внатрешни работи во Каиро, но одби да изнесе детали за бројот на убиените и ранетите.

Одговорноста на овој најнов напад презеде џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Нападот се случил кај градот Ел Ариш во северен Синај, во близина на границата со Газа, кога од експлозија на бомба поставена во автомобил биле уништени три оклопни возила и едно возило за сигнална опрема.

Колоната застанала за момент поради едно возило препречено на патот, но откако полицајците го тргнале тоа експлодирало. Веднаш потоа, група џихадисти отвориле оган врз ранетите и преживеаните полицајци.

Припадниците на силите за безбедност возвратиле, но нема сознанија за жртви кај напаѓачите.

Конвојот со полицајци се движел од градот Кантара кон Ел Ариш.

Нападот доаѓа само кусо време по операцијата на египетските безбедносни сили во два стана во Каиро, кога беа убиени десетмина припадници на милитантните исламистички групи.

Неколку стотици полицајци и војници се убиени досега во терористичките напади на џихадистите, кои главно операираат на Синајскиот Полуостров, од јули 2013 година, кога беше сменет од власт исламскистичкиот претседател Мохамед Морси.

Освен кон припадниците на војската и полицијата, исламистичките терористи во овој период, имаат извршено и повеќе напади врз заедницата на египетските христијански Копти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува