Најмалку 17 загинати во нападот во Могадишу

Од:

Најмалку 17 лица загинаа, а десетици беа повредени во напад на екстремисти од Ел Шабаб на хотел во Могадишу, а полицијата ја заврши драмата по четиричасовна престрелка, кога беа убиени сите напаѓачи.

Ал Џезира јави дека во нападот загинале најмалку 17 лица, додека Си-Ен-Ен јави дека загинале десет лица.

„Сомалиските специјални сили ја завршија четиричасовната опсада на хотел во Могадишу, откако ги убија сите напаѓачи“, објави владиниот портпарол на Твитер.

Меѓу жртвите се напаѓачи, двајца владини службеници, еден војник, тројца членови на хотелското обезбедување, четворица цивили…

Десетици луѓе се повредени, според извори од болницата.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија