Најмалку 17 загинати при напад на американски беспилотен авион во Пакистан

Од:

Најмалку 17 лица загинаа денеска при напад на американскo беспилотно летало во северозападниот дел на Пакистан, соопштија локалните безбедносни сили.

Две ракети погодиле куќа во близина на главниот пазар во Мираншах, главниот град на племенската област Северен Вазиристан, во близина на границата со Авганистан.

Ова е најсмртоносниот напад на американско беспилотно летало во Пакистан од почетокот на годинава и второ, откако Наваз Шараф стана повторно премиер на земјата минатиот месец.

Шараф повика на итен прекин на ваквите напади, истакнувајќи дека тие го нарушуваат пакистанскиот национален суверенитет.

Во истот овој дел од земјата, на околу 25 километри југозападно од Пешевар, рано изутринава шестмина полицајци беа убиени, а други седум повредени при напад на екстремисти врз полициска станица. Во неколку часовната престрелка, исто така, загинале и дел од напаѓачите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица