Најмалку 17 починати од епидемија на морбили во Романија

Од:

Романија е зафатена од епидемија на морбили, кои досега биле причина за смртта на најмалку 17 лица, јавија денеска романските медиуми.

Романскиот министер за здравство Флоријан Бодог соопшти дека од појавата на првите случаи на болеста лани во септември, па досега, во земјата се регистирани околу 3.400 лица заболени од морбили.

Поради еподемијата, Романија донесе одлука да ја намали старосната граница за примање на вакцината против морбили од 12 на девет месеци и препорача вакцинирање на сите деца помлади од девет години.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести пред неколку дена предупреди дека постои „голема веројатност“ за проширување на морбилите од Романија и во други држави.

Поголемиот број од заболените лица од морбили во Романија се регистритани во западните и југозападните делови на земјата.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски