Најмалку 17 Палестинци загинаа во појасот Газа

Од:

Во израелскиот напад врз училиштето Халим ал Сади во Џабалија, во Појасот Газа, загинаа најмалку осум лица, а 15 се ранети, јавува палестинската агенција Вафа.

Истовремено, израелските сили убиле четири лица, а раниле најмалку 10 во кампот Буреј.

Во одделен инцидент, пет Палестинци беа убиени во израелски напад врз станбена зграда во кампот Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа, пренесе Вафа.

Помеѓу понеделник и четврток оваа недела, 110 Палестинци загинаа во израелските напади врз Газа, а 230 лица беа повредени, објавија Обединетите нации, пренесува Ал Џезира.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Хезболах ќе преговара за разоружување доколку Израел се повлече од Либан

Израел е подготвен да се согласи на договор за ослободување на сите заложници

ВИДЕО: Светот се занимава со тарифите, Израел ја толчи Газа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

(ВИДЕО) Нов израелски напад на Газа, има загинати, меѓу нив и деца

УНИЦЕФ: Најмалку 100 деца се убиени или ранети секој ден во Појасот Газа од 18 март