Најмалку 16 лица загинаа во денешните израелски воздушни напади низ Газа, додека израелските сили ги засилија нападите врз северните делови на палестинската енклава, како и врз болниците и засолништата за бегалци таму, наредувајќи им на жителите да се упатат кон југ, соопштија лекарите и локалните жители.
Двајца Палестинци беа убиени во областа Беит Лахи, додека 12 беа убиени во воздушен напад во градот Газа, меѓу кои и четворица вработени во општината, соопштија лекарите, пренесе Ројтерс.
Уште двајца Палестинци загинаа во воздушен напад во Деир ал Балах, во централниот дел на Појасот Газа.