Најмалку 16 ранети при експлозија на бомба во Египет

Од:

Најмалку 16 лица, од кои 13 полициајци и тројца цивили, се ранети денеска при експлозија на бомба поставена во близина на полициски Центар за обука во египесткиот град Танта, соопшти Министерството за внатрешни работи на Египет.

Во соопштението се додава дека бомбата била поставена на еден мотоцикл паркиран во близина на објектот на Центарот за обука.

Египетските медиуми јавија дека двајца од ранетите при експлозијата се наоѓаат во критична состојба.

Досега никој не презеде одговорност за нападот.

По воениот преврат во Египет во 2013 година, со кој од претседателската функција беше сменет исламистот Мохамед Морси, исламистички групи извршија серија напади во кои загинаа голем број египетски полицајци и војници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува