Потврдена е смртта на 16 патници, меѓу кои и едно бебе, откако траект се судри со товарен брод и потона во реката Падма, соопштија бангладешките власти, додавајќи оти спасувачката операција продолжува.
Спасувачите извлекле 30 лица од реката Падма откако траектот се преврти и потона на шест метри длабочина. На траектот имало повеќе од сто патници и членови на екипажот.
Несреќата се случи на на 70 километри северно од главниот град на Бангладеш, Дака
Тоа е втора бродска несреќа за помалку од две недели во Бангладеш.