Најмалку 16 луѓе загинаа во свлечиште што погоди три села во планинскиот дел на Непал.
Обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето, досега се пронајдени 16 тела, а се претпоставува дека е многу поголем бројот на загинати. Како исчезнати се водат 40 лица.
Потрагата по преживеаните е отежната поради временските услови.
Свлечиштата во планинскиот дел на Непал се честа појава за време на сезоната на монсунски дождови, што завршува кон крајот на септември.