Најмалку 16 лица загинаа во експлозии и престрелка во Могадишу

Од:

Најмалку 16 лица загинаа, откако два автомобили бомби експлодираа пред судски комплекс во сомалискиот главен град Могадишу, а вооуржени мажи упаднаа во зградата и влегоа во вооружен судир со силите за безбедност, кои го опколија комплексот.

Засега не е познато кој е извршителот на нападите, но групацијата Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда ја презеде одговорноста за серија слични напади во Могадишу оваа година.

Претставници на сомалиските сили за безбедност го опколија судскиот комплекс, а во зградата престрелката и натаму трае, јавија светските агенции.

Подоцна автомобил бомба избувнал пред зградата, во која се наоѓа сомалиското разузнавање, на патот за аеродромот, додека минувале автомобили на Турција и на Африканската унија, соопштија полициски претставници и очевидци. По тоа владините сили отворија оган и го блокираа патот.

Портпаролот на полицијата се уште се утврдуваат целите на нападите, како и бројот на жртвите.

Велика Британија на 5 април предупреди дека терористи планираат напади во Могадишу.

Групацијата Ал Шабаб, која контролираше големи области во главниот град во периодот меѓу 2009 и 2011 година, беше протерана од повеќето градови во централните и јужните делови на Сомалија од силите на Африканската унија. Но радикалмната исламистичка организација одговори со серија бомбашки напади.

На почетокот на април бомба избувна пред зградата на најголемата банка, неколку часа откако Ал Шабаб и нареди да ги запре операциите во областите, кои се под нејзина контрола. Ал Шабаб минатиот месец ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад врз сомалиски службеник од силите за безбедност, во кој беа убиени повеќе од десет лица во Могадишу.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија