Најмалку 16 полицајци се убиени во напади на талибанци врз полициски контролни пунктови во авганистанската провинција Бадхшан, изјави денеска локален претставник.
Според пратеникот од северозападната авганистанска провинција Нилофер Ибрахими, 13 од загинатите полицајци биле дел од авганистанската погранична полиција, а останатите тројца од локалната безбедносна полиција.
Талибаните преземаа одговорност за координираните напади, наведувајќи во соопштението дека нападите се дел од нивната пролетна офанзива, која започна кон крајот на минатиот месец.