Најмалку 15 загинати во автобуска несреќа во Бразил

Од:

Најмалку 15 лица загинаа,  а 50 се повредени во автобуската несреќа која се случи вчера во бразилскиот туристички град Парати, на 250 километри јужно од Рио де Жанеиро.

Автобусот ја доживеал несреќата на пат кој го поврзува центарот на Парати со крајбрежното село Тринидаде. Потпарол на пожарникарската служба изјави дека спасувачките тимови продолжуваат да работат на местото на несреќата, за која причините се уште не се познати.

Во Бразил секоја година околу 43 илјади лица стануваат жртви на патни несреќи. Во март 54 лица загинаа во автобуска несреќа на пат кон јужната држава Санта Катарина.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски