Најмалку 15 цивили, меѓу кои и пет деца, загинаа, а околу 50 се ранети при воздушен напад на сириските владини сили врз пазар во градот Мајадин во источна Сирија, соопшти денеска сирискиот Центар за мониторинг на човековите права.
Како што јави ДПА, градот Мајадин е под контрола на џихадистичката група Исламска држава (ИД),
ИД го контролира најголемиот дел од источна Сирија, освен градот Деир ал-Зур и неговата блиска околина.