Најмалку 15 убиени во судири меѓу филипинска војска и исламисти

Од:

Најмалку 14 бунтовници на екстремистичката група Абу Сајаф и еден маринец се убиени во жестоки судири меѓу филипински војници и исламистички бунтовници.

Портпаролот на армијата соопшти дека борците се обидувале да ја вратат контролата над камп за обука во провинцијата Сулу, кој бил преземен од владините сили.

Деветнаесет војници биле повредени.

Абу Сајаф, која е вклучена на списокот на САД за терористички организации, е поврзана со меѓународни терористички мрежи, меѓу која е и Ал каеда.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони