Најмалку 148 луѓе загинаа во тропска бура на Филипините

Од:

Најмалку 148 луѓе загинаа во поплавите и одроните предизвикани од тропската бура Меги на Филипините, соопштија властите.

Десетици сè уште се водат како исчезнати во најсилното невреме годинава во Малајскиот архипелаг.

Невремето принуди десетици илјади луѓе да ги напуштат своите домови и тие се наоѓаат во центрите за евакуација.

Во најтешко погодената провинција Лејте, во централниот дел на Филипините, лизгањето на земјиштето предизвика да исчезнат бројни куќи и земјоделски и рибарски заедници.

Меги, локално позната како Агатон, е првата голема тропска бура што ги погоди Филипините оваа година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод