Најмалку 14 жртви во нов напад на екстремистите во Нигер

Од:

Исламски екстремисти со мотоцикли убиле 14 припадници на безбедносните сили кои биле придружба на службеници од нигериската изборна комисија, соопштија денеска локалните власти.

Нападот се случил во средата вечер, недалеку од Санам, кој е на околу 200 километри од главниот град Нијамеј, при што загинале седум воени полицајци и седум припадници на Националната гарда.

Нигер е изложен на исламски екстремизам, затоа што граничи со Нигерија, каде терористичката група Боко Харам е активна веќе една деценија.

Но земјата во моментов е исто така изложена на активностите на терористичката група „Совет на Сахара“ која е активна по должината на границата со Мали и во 2017 година изврши напад во кој загина американски службеник.

На почетокот на месецов екстремистите во Нигер во еден напад убија 71 војник.

Би можело да ве интересира

Воената хунта се закани: Ќе го убиеме соборениот претседател

Бунтовниците во Нигер тврдат: Француската војска ги нападнала припадници на националната гарда

Се собира војска, ќе има војна: 25.000 војници се подготвени

Предраг Петровиќ

Хунтата во Нигер го затвори воздушниот простор поради заканите за воена интервенција

Нигер: Воената хунта побара помош од Вагнер

Сменетиот претседател на Нигер бара помош од Американците: „Ви пишувам како заложник“