Најмалку 14 загинати во нападот на талибанците врз хотелот „Парк Палас“ во Кабул

Од:

Во нападот на талибанците врз хотелот „Парк Палас“ во Кабул има 14 мртви, соопшти мисијата на Обединетите нации во Авганистан и потврди високо позициониран авганистански полициски претставник, јавува агенцијата Фена.

Меѓу убиените се еден Американец, еден Италијанец и четворица Индијци.

„Во нападот на цивилите собрани за еден културен настан во хотелот „Парк Палас“ во Кабул убиени се 14 цивили, а седуммина се ранети“, се наведува во соопштението на ОН.

Новиот извештај на светските агенции го потврди висок полициски претставник од Кабул, кој прецизира дека полицијата го пронашла телото на само еден напаѓач.

Напаѓачите во текот на седумте часови од нападот затвориле неколку десети заложници во резиденцијата на „Парк Палас“, во која синоќа беше одржан концерт на авганистанска музика.

Авганистанските талибанци, кои кон крајот на април ја почнаа својата традиционална „пролетна офанзива“ денеска ја презедоа одговорноста за нападот на хотелот.

Би можело да ве интересира

Нападната база во Кабул: Има мртви

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица