Најмалку 14 Палестинци загинаа во ноќешните напади на израелските сили врз Појасот Газа

Од:

Четиринаесет Палестинци беа убиени во израелски воздушни напади во Појасот Газа во текот на ноќта. Палестински групи испукаа ракети врз Тел Авив од кои две беа уништени над израелскиот град, јавуваат локални медиуми.

– Израелската армија уништила над 300 објекти на Хамас во Појасот Газа во текот на ноќта, изјави нивни портпарол. Според Петер Лернер биле уништени 322 цели на исламистичкото движење кое го контролира Појаст Газа. Со тоа вкупно се уништени 750 објекти на Хамас.

Најмалку 64 луѓе се убиени во израелските напади врз палестинска територија. Голем дел од нив се цивили. Од нив, 14 загинаа во ноќешните напади.

Осум ракети беа испукани од Појасот Газа врз Израел во текот на ноќта. Со тоа вкупниот број ракети испукани од палестинска територија од почетокот наизраелската операција е речписи 300.

Според Израел, Хамас има околу 10.000 ракети во Појасот Газа.

Палестински радикални групи во текот на ноќта испукале проектили и врз Тел Авив, јави израелското Воено радио. Најмалку две биле уништени над градот од израелскиот систем за ПРО. Активирани биле и сирените за воздушна тревога.

Тоа е најтежок бран насилства меѓу Израел и палестинските групи во Газа од израелската офанзива во 2012 година. Операццијата почна по убиството на тројца израелски тинејџери, киднапирани во Западниот брег на реката Јордан, злосторство за кое Израел тврди дека е извршено од Хамас. Над 20.000 војници резервисти се мобилизирани во Израел.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници