При напад врз припадници на Мировните сили на Светската организација во Демократска Република Конго загинаа најмалку 14 мировници на ОН, а околу 40 други беа повредени.
Жан-Пјер Лекроа, раководителот на мировните мисии на ОН, кажа дека нападот се случил во провинцијата Киву во северниот дел на земјата.
Засега не се знае кој стои зад нападот, а Лекроа нагласи дека е зпрепастен и додаде дека во тек е евакуација на ранетите мировници.