Најмалку 14 лица загинаа, а 24 се повредени откако вчера автомобил влета во насобраниот народ на карневал што се одржуваше во пристанишниот град Калабар во јужна Нигерија.
Како што денеска соопштија нигериските власти, возачот бил под дејство на алкохол и возел пребрзо при што изгубил контрола над возилото и влетал во толпата. Тој по инцидентот е уапсен.
Карневалот, што се организира од 2004 година и трае еден месец, посетен е од голем број локални и странски туристи во текот на декември.
Извор: МИА