Најмалку 14 лица загинаа во напад на мигрантски камп во Конго

Од:

Најмалку 14 лица загинаа синоќа во напад на камп за раселени лица во источниот дел на Демократска Република Конго во провинцијата Итури, соопштија денеска армијата и локални претставници.

– Бунтовниците нападнаа локација пред источниот град Фатаки, каде стотици цивили побараа засолниште во последните месеци, при што загинаа 14 лица, меѓу кои и деца, изјави портпаролот на армијата Жил Нгонго Цикуди.

Претставник на цивилното општество Диедоне Лоса рече дека билансот на загинатите е 15 и ја обвини милитантната група позната како Кодеко, обвинета дека завчера извршила уште еден напад на блиската рударска населба, во кој загинаа најмалку 35 луѓе.

Британската агенција наведува дека не стапила во контакт со таа милитантна група за коментар.

Групата не била достапна за контакт. Кодеко е една од неколкуте вооружени милиции, вклучително и огранок на Исламска држава, која се бори за земјата богата со минерали и ресурси во источно Конго.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

400 загинати во поплавите во Конго, преживеаја две бебиња, кои плутаа по езеро

Ана Ололовска

Претоварен моторен чамец потона во река во Конго, најмалку 145 лица се водат за исчезнати

Ана Ололовска

Хрвати посвоиле 131 дете од Конго, ќе се проверува легалноста на сите случаи

А1он

ЕУ испраќа 2,3 милиони евра хуманитарна помош за Конго

А1он

Во Конго има 26 милиони гладни, тврдат хуманитарните агенции

Претседателот на Конго ја обвини Руанда дека сака да ја окупира неговата земја за да го украде златото

Ана Ололовска