Во напад на бомбаш самоубиец на истокот од Авганистан денеска се убиени најмалку 13 лица, а ранети се уште околу 40, вклучувајќи и еден истакнат авганистански пратеник. Нападот се случил во близина на стамбениот комплекс во кој живее и гувернерот на немирната провинција што се граничи со Пакистан, соопшти полицијата.
-Телата на 13 убиени и 39 ранети лица се префрлени во болница, рече Аминулах Хан, лекар во државната болница во градот Хост, пренесуваат француските медиуми.
Неименуван полициски старешина изјави дека во нападот има 20 убиени лица, а други 40 се ранети.
Францускиот весник „Фигаро“ пренесува дека илјадници демонстранти се упатиле кон резиденцијата на покраинскиот гувернер Абдула Џабар Наеми, кого го обвинуваат за корупција.