Талибански борци денеска ја нападнаа зградата на разузнавачката агенција во источен Авганистан, при што загинаа најмалку 12 цивили и еден полицаец, а околу 80 лица се повредени.
Напаѓачите прво активирале два автомобили-бомби, а потоа ја нападнале зградата.
Талибанците се обидувале да влезат во зградта на Националната дирекција за безбедност во градот Газни, но по тричасовна престрелка биле одбиени од силите за безбедност.
Гувернерот на провинцијата Газни, Муса Хан Акбарзада изјави дека во нападот учествувале 13 талибанци. На местото на инцидентот пронајдени се тела на осум талибанци.
Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот.