Најмалку 13 лица повредени во железничка несреќа во Германија

Од:

Најмалку 13 лица беа повредени денеска во јужната германска провинција Баварија, кога воз се судри со автомобил на премин, делумно излета од шините и се преврте.

Тројца од повредените се во тешка состојба.

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил рано утрото во реонот на гратчето Келмјунц. Предниот дел на возот, во кој имало околу 50 патници, излетал од шините по ударот во автомобилот, се влечел околу сто метри и се превртел на едната страна.

Возачот на автомобилот и двајцата мажи од возот се здобиле со тешки повреди. Останатите десетмина се со полесни повреди.

Засега не е јасно зошто автомобилот бил на преминот во моментот на несреќата.

Би можело да ве интересира

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке