Најмалку 13 имигранти се удавија во близина на Сицилија

Од:

Најмалку 13 лица од еден имигрантски брод се удавиле во близина на брегот на градoт Рагуза, во источниот дел на Сицилија, соопштија денеска италијанските власти.

Во соопштението се посочува дека припадниците на крајбрежната стража спасиле неколумина од имигрантите, кои се префлени во околните болници.

Официјални претставници на локалната власт соопштија дека на бродот се наоѓале околу 250 лица, но не ја посочија нивната националност.

– Правиме се што можеме да ги спасиме човечките животи. Некои туристи алармираа кај властите и ни помогнаа, рече Франко Сузино, градоначални на Сикли, место во југоисточниот дел на Сицилија во чија близина се случи инцидентот.

Тој изјави дека се сомнева оти членовте на екипажот на бродот ги фрлиле имигрантите во водата. – Кон тие луѓе се постапува како кон животни, наведе Сузино.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски