Најмалку 12 повредени во силен земјотрес во Токио

Од:

Најмалку 12 лица се повредни во силен земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровара скала, што денеска го погоди регионот на Токио.

Локалните власти соопштуваат дека сите информации за повредени лица доаѓаат од регионот на Токио и од префектурата Канагава, која се наоѓа југозападно од главниот град на Јапонија.

Сообраќајот во Токио се одвива нормално и нема информации за причинета материјална штета.

Епицентарот на земјотресот бил во заливот Сагами, југозападно од Токио, со жариште на длабочина од 160 километри под морското дно.

Земјотресот е почувствуван во 26 од 47 јапонски префектури.

Би можело да ве интересира

Земјотресот од Албанија ја стресе и Македонија

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Романија

Напаѓач избоде неколку луѓе на железничка станица во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес во Тајван