Најмалку 12 починати од легионарската болест во Њујорк

Од:

Епидемијата на легионарската болест во Њујорк, најголема досега во историјата на овој американски град, досега предизвика смрт на 12 лица, соопштија локалните власти.

Вирусолозите и здравствените власти во градот и во сојузната американска држава Њујорк се „борат со времето“ за да ја стават под контрола смртоносната бактерија, која се рашири изминатите недели во реонот на Јужен Бронкс, еден од најсиромашнте квартови во градот.

Според медицинските експерти, бактеријата легионела е откриена во системите за ладење во десетици станбени згради во овој њујоршки кварт.

Возрасните луѓе и оние со хронични заболување, се најризичната категорија пациенти од оваа тешка форма на пневмонија, како што обично се објаснува легионарската болест.

Само еден од досегашните жртви, е помлад од 40 години, а кај сите претходно имале некое заболување.

Болеста има 10-дневен период на инкубација и таа не се пренесува од човек на човек, туку најчесто преку системите за ладење и старите ер-кондишни.

Специјални санитарни и здравствени екипи ги чистат деловите од Јужен Бронкс за да се уништи бактеријата и да се стави под контрола ширењето на епидемијата.

Градоначалникот на Њујор, Бил де Бласио призна дека локалните и здравствените власти се борат со проблемот што не очекувале дека може да се појави, но изрази задоволство дека од 3 август не е регистрина нов случај на легионарска болест.

Медиумите во градот ги обвинуваат локалните власти и здравствените служби на сојузната држава Њујорк за отсуство на координација, во време на епидемијата.

Градоначалникот Де Бласио и гуверенерот на државата, Ендру Куомо, одржаа синоќа прес-конференции на кои меѓусебно се напаѓаа и понудија различни информации за состојбата, иако и обајцата се од американската Демократска партија.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак