Најмалку 12 цивили загинаа денеска при експлозија на нагазна мина во јужниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти, пренесува БТА.
Роднината на една од жртвите изјави дека бројот на загинати веројатно е поголем.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Талибанците поставуваат нагазни мини наменети за авганистанските сили за бебедност, но бомбите честопати експлодираат при преминувањето на цивилни возила.