Најмалку 110 луѓе загинаа во поплави и свлечишта на Филипините

Од:

Во поплавите и одроните предизвикани од тропската бура на Филипинит загинаа 110 луѓе, а повеќе од 2,4 милиони се погодени, соопшти денеска националната агенција за катастрофи.

Како што пренесе ДПА, 33 лица сè уште се водат како исчезнати, а над 100 се повредени.

Погодените области претрпеа големи поплави откако бурата Налга донесе обилни дождови неколку дена пред да удри на источниот дел на Филипините во саботата.

Налга се оддалечи од Филипините, но нова тропска бура се движеше кон источниот брег на земјата и се очекуваше да донесе нови дождови, соопшти метеоролошката служба.

Сепак, се очекува бурата Банјан да ослабне во тропска депресија, додаде службата.

Филипинскиот архипелаг секоја година го зафаќаат просечно 20 тропски циклони.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони