Најмалку 11 загинати во судири на Синај

Од:

Најмалку 11 лица загинаа во вооружен судир на египетските безбедносни сили и „група вооружени милитанти“ во градот Аришу во северниот дел на Синајскиот Полуостров, соопшти синоќа Министерството за внатрешни работи на Египет.

Во соопштението не се посочени детали за судирите, како ни идентитетот на „вооружените милитанти“.

Судирите следуваат откако во двоен бомбашки напад на Синај во вторникот загинаа осум лица, а 27 беа ранети.

Од воениот удар во Египет во летото 2013 година со кој беше сменет од власта египетскиот претседател исламист Мохамед Морси, во реонот на Синајскиот Полуостров во североисточниот дел на земјата дејствуваа неколку исламистички вооружени групи, вклучително и припадници на џихадистичката Исламска држава (ИД).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува