Најмалку 11 загинати во самоубиствен напад во Могадишу

Од:

Најмалку 11 луѓе загинаа денеска во самоубиствен напад во Могадишу – два дена пред меѓунардната конференција за Сомалија во Лондон на која се очекуваа делегати од околу 50 државни органзиации.

Тоа го изјави Мохамед Адан од локалната полиција. Напаѓачот удрил со автомобил-бомба во владин автомобил на раскрсница во станбен кварт во сомалискиот главен град. Со автомобилот на сомалискиот министер за надворешни работи патуваше катарска делегација, но ниту еден од нив не е повреден.

Со конференцијата за Сомалија што ќе се одржи во вторник во Лондон ќе претседателствува британскиот премиер Дејвид Камерон и сомалискиот претседател Хасан Шеик Махамуд.

Форумот има за цел меѓународна помош за таа држава погодена од 20-годишната граѓанска војна. Досега никој не презеде одговорност за нападот. Последната акција на бунтовниците беше на 14 април кога во двоен напад загинаа 34 цивили и девет исламски командоси.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија