Најмалку 11 лица се убиени, а осум повредени вчера во експлозија на автомобил бомба пред кафуле во Могадиш, главниот град на Сомалија, соопшти полицијата.
Засега никој не презема одговорност за нападот пред кафулето „Арома“, но постои сомнеж дека е извршен од екстремисти на Ал Шабаба, група поврзана со Ал Каеда.
Полицискиот претставник Мохамед Хусеин изјави дека најверојатно бомбата е активирана со помош на далечински управувач, како и дека поголем дел од жртвите се лица што седеле пред кафулето.
Американскиот Стејт департмент ја прогласи Ал Шабаб за терористичка организаијца во февруари 2008 година.