Најмалку 11 загинати и 21 повреден во гранатирањето на украинскиот град Славјанск

Од:

Бројот на загинатите во рускиот ракетен напад врз градот Славјанск, во источна Украина, се зголеми на 11, соопштија денеска официјални лица.

Уште 21 лице беа ранети во нападот во петокот, јавува Ројтерс.

Службите за итни случаи во источниот регион Доњецк соопштија дека меѓу загинатите има и двегодишно дете.

Гувернерот на Доњецката област Павло Кириленко претходно изјави за националната телевизија дека биле истрелани седум руски ракети С-300.

Кириленко рече дека најмалку седум локации биле погодени во Славјанск, западно од градот Бахмут, каде што се водат најтешките борби меѓу украинските и руските сили.

Би можело да ве интересира

Русите: Ја презедовме контролата

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

ВИДЕО: Напад и пожар во скадиште за нафта на Крим

Катерина Ѓуровски

Русите ги запленија магацините за опрема на НАТО во Угледар

Предраг Петровиќ

Зеленски: На средбата во Рамштајн на 12 октомври ќе биде претставен планот за победа

Катерина Ѓуровски

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ