Најмалку 11 починати поради лошите животни услови по земјотресите во Јапонија

Од:

Единаесет лица починаа во југозападна Јапонија изминативе неколку дена како последица на лошите услови за живот по земјотресите што минатата недела го погодија тој дел на земјата, соопштија денеска јапонските власти.

Според кризниот штаб во префектурата Кумамото, каде што беа епицентрите на потресите, причините за смртта на овие луѓе се различни – стрес, нарушена циркулација, ненаспаност…, но сите тие се последица од драстичните промени поврзани со земјотерсите.

Од четвртокот, до денеска изутрина, во Кумамото, каде се разурнати илјадници згради, се регистрирани над 600 земјотреси со различен интензитет.

Над 100.000 лица од тогаш живеат надвор од своите домови, во приколки или во своите автомобили.

Регистрирани се многу случаи на венска тромбоза и флебитис, а кај едно лице е утврдено дека починало поради долготрајно останување во седечка положба, при што крвта застојала во долните екстремитети.

Локалните власти и невладините организации делат флаери на жителите со упатства како да се сведат ризиците на минимум.

Во меѓу време, спасувачите рано утринава извлекоа тело на еден маж од под урнатините во планинското село Минамиасо, каде при вториот силен земјотрес на островот Кјушу во саботата беше предизвикано големо свлечиште.

Со ова бројот на официјално потврдените жртви од земјотресите се искачи 48 лица.

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила