Најмалку 11 луѓе загинаа во хеликоптерска несреќа во Норвешка

Од:

Единаесет луѓе загинаа, а двајца се водат како исчезнати во хеликоптерската несреќа што се случи во Норвешка. 

Во хеликоптерот имало 11 Норвежани, еден Британец и еден Италијанец. Во леталото имало 11 патници, вработени во норвешката нафтена компанија „Статоил“ и двајца членови на екипажот.
Делови од урнатиот хеликоптер се пронајдени.

Несреќата се случила кога хеликоптерот се враќал од нафтената платформа Б во Галфакс, едно од најголемите нафтени наоѓалишта на брегот на Норвешка. Хеликоптерот требало да слета во градот Берген, но се урнал во море, 40 километри западно од градот.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Норвешка: Автобусот излетал од патот и завршил во вода, има мртви

НАТО оди чекор напред – се зајакнува границата со Русија на Арктикот

А1он

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ