Најмалку 11 луѓе починаа од менингитис во САД

Од:

Бројот на починати од габичен менингитис, предизвикан од примање на инјекции со стероиди достигна 11 луѓе, соопштија американските здравствени власти.

Болеста е утврдена уште кај 119 лица во девет сојузни држави, но се очекува дека ќе има многу повеќе заразени бидејќи спорните стероиди, кои се користат против болки во грбот, ги примиле над 13 илјади луѓе.

Според американските медиуми, компанијата производител „Њу Ингланд кампаундиг сентр“ ги доставила инјекциите во 76 болници во 23 сојузни држави.

По откривањето дека токму тие се причина за опасниот менингитис, сите производи на компанијата се повлечени од пазарот, а против неа е покрената истрага.

Би можело да ве интересира

Авионска несреќа во САД: Има голем број луѓе повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Драма во САД: Итно активирани ловци Ф-16

Горан Наумовски

Иран: Ќе размислиме за разговори со САД освен ако тие не сакаат да ја уништат нашата нуклеарна програма

(ВИДЕО) Прогласена е вонредна состојба на Лонг Ајленд

Горан Наумовски

Зеленски: Мировните преговори меѓу Украина и САД ќе се одржат во Саудиска Арабија следната недела

Орбан: Блиску сме до договор за економска соработка со САД