Лавини предизвикани од силни снежни врнежи во Авганистан го однесоа животот на најмалку 100 лица, јави ТАСС, повикувајќи се на авганистанските власти.
Само во провинцијата Панџшир загинале 90 лица, соопшти гувернерот Абдул Рахман Кабири. Останатите жртви се во провинциите Лагман, Нангархар и Бамиан. Според властите бројот на загинати може да се зголеми.
Во снежните лавини се затрупани над стотина куќи само во провинцијата Панџшар.
Снежните врнежи не престануваат во изминатите 48 часа во северниот делови на Авганистан, каде досега зимата беше сува и мека. Во главниот град Кабул вчера и денеска снегот предизвика прекин на снабдувањето со електрична енергија.