Најмалку 10 лица загинаа денеска во самоубиствен напад со автомобил-бомба во ресторан во центарот на сомалискиот главен град Могадишу.
Се очекува бројот на жртвите да биде уште поголем, соопшти полицијата, додавајќи дека бил отворен оган кон возилото во обид да се спречи нападот, но безуспешно.
Досега никој нема преземено одговорност за терористичкиот напад.