Најмалку 10 авганистански полицајци загинаа во напади на талибанците

Од:

Најмалку 10 полицајци се убиени денеска во напади на талибанските бунтовници во јужниот и источниот дел на Авганистан, соопштија властите.

Шестмина полицајци загинаа кога талибанските бунтовници го нападнале контролниот пункт во Мукур, во јужната провинција Газни, истакна окружниот гувернер, додавајќи дека во нападот на вториот контролен пункт во истиот реон биле повредени четворица припадници на полициските сили.

Четворица припадници на пограничната полиција се убиени кога возилото во кое се наоѓале налетало на бомба поставена на пат во источната провинција Нангарар, која се граничи со Пакистан.

Талибанските бунтовници ја презедоа одговорноста за овие напади, додавајќи дека убиле уште најмалку двајца полицајци во Газни.

Би можело да ве интересира

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов