Најголемите научни достигнувања во 2012 година

Од:

Што сe науката понуди за доброто на човештвото оваа година?

ХИВ вирусот претворен во лек

Тим од доктори успеа да развие техника со која ослабениот ХИВ вирус се користи за генетска терапија на клетките на имуносоставот. Засега, техниката е успешно користена за лекување на некои облици на леукемија, но во иднина оваа техника ги отвора вратите за лекувањето и на бројни други болести.

Сондата Voyager 1 дојде до работ на Сончевиот систем

Сондите на НАСА Voyager 1 и 2 оваа година го прославија својот 35 роденден. Откако ни открија неверојатни фотографии од Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун, и открија бројни чуда кои ги криеја нивните есечини, овие две сонди во 35 година од своите мисии и понатаму ги воодушевуваат научниците со откритијата од работ на познатата вселена. Оваа година открија целосно нов регион на вселената кој не го предвидуваше нитуеден математички модел, а наскоро ќе станат и прв предмет направен од човечка рака кои ќе го напуштат Сончевиот систем.

Испративме нуклеарно подвижна роботска лабораторија на Марс

Роверот на НАСА Curiosity означи пресвртница во истражувањето на „црвената планета“. Роботската лабораторија со големина на теренско возило на Марс слета со помош на „небесен кран“ на млазен погон. Роверот е опремен со цел арсенал камери и научни инструмени, а во себе содржи и биохемиска лабораторија. Веќе откри јаглеродни соединенија, а може во блиска иднина да помогне да се разоткрие прашањето – дали постои живот на Марс?


За прв пат фотографирана молекула на ДНК

Италијанските научници со електронски микроскоп ја фотографираа најпознатата спирала во историјата, со право наречена „тајната на животот“. Фотографиите на молекулите на ДНК, како и техниката која ги овозможи, во иднина ќе овозможат нови откритија во генетиката и биологијата.

Персонализирани матични клетки создадени од крвта на пациентите

Британски научен тим успеал да создаде „персонализирани“ матични клетки од крвта на пациентите. Ова значајно откритие во иднина ќе овозможи лекување на бројни сериозни болести при кои нема да има опасност од отфрлање на ткивото.

Messenger пронајде мраз и органски работи на Меркур

Големо изненадување пристигна и од Меркур оваа година – никој не очекуваше дека ќе се пронајде присуство на мраз на најблиската планта до сонцето, а уште помалку присуство на органски соединенија, но мисијата на НАСА успеа да го докаже постоењето на двете.

Првото приватно вселенско летало успешно ја изврши својата прва мисија

2012 година значеше и пресврт во истражување на вселената. За прв пат во историјата приватна компанија испрати вселенско летало во орбитална мисија за потребите на Меѓународната вселенска станица. Леталото Dragon на компанијата SpaceX успешно достави залиха и ги презеде отпадоците од вселенската станица и слета во Тихиот океан.

Роден првиот цицач без родители

Јапонските научници успеале да создадат сперма и јајце-клетки од матичните клетки и со нив да постигнат оплодување и да направат целосно здрав глушец кој технички гледано, немал родители. Ова откритие во иднината би можело да овозможи на истополните парови или паровите кои имаат проблеми со плодноста да станат родители.

За прв пат „хакиран“ човечкиот мозок

Научниците успеале да го „хакираат“ човечкиот мозок. Со помош на напредни EEG читачи, на доброволците успешно им биле „прочитани“ броевите на PIN-овите од површинските мисли.

Откриена „Божјата честичка“

Научниците кои работат на ATLAS и CMS експериментите на LHC пронајдоа нова честичка која со своите својства одговара според математичките предвидувања би требало да има Хигсов бозон, и со тоа го заокружиле Стандардниот модел – денес темелна теорија на субатомската физика.

Успешно управување со мислите на далечина

Доброволец во меѓународно истражување лежел во функционална магнетна резонанца во Израел, и притоа „гледал“ низ очите на робот во Франција. Користејќи читање со скенер, студентот со своите мисли управувал со роботот на далечина од стотина километри.

Извор: Факултети.мк

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска