Во текот на својот живот тој напорно работел, се борел, трпел бројни неправдии силно верувал во себе како и тоа дека неговите изуми ќе го променат човештвото. И бил целосно во право.
Никола Тесла е еден од најценетите научници, познат по својата љубопитност кон различните области во науката. Бил интелегентен, духовит а поради тоа неговите пријатели го ценеле и сакале.
Но, кога бирал помеѓу друштвениот живот и работата, секогаш ја одбирал работата.
Вежбал самоконтрола, со цел своето тело и ум да ги одржи млади, со надеж дека неговата работа ќе зборува за него во иднина.
„Нашите успеси и падови се неделливи, како силата и материјата. Кога ќе се одвојат, тогаш човекот веќе го нема.“
„Иднината нека ја каже вистината. Проценете го секој човек според неговата работа и заслугите. Сегашноста е нивна, но иднината е моја, за која толку напорно работев.“
„Секој човек мора да вежба умереност и моќ над своите сетила. Само така може да се одржи во младост, со млад дух и тело. Воздржувањето не секогаш беше по мој вкус, но искуството е голема награда.“
„Човекот е роден да работи, да трпи и да се бори. Ако некој тоа не го прави, осуден е на пропаст.“
„Учев странски јазици, ја проучував литературата и уметноста и ги поминав моите најубави години во библиотеки и читав се што ќе ми дојде при рака. Тогаш можеби почувствував дека залудно си го трошам времето, но набрзо сфатив дека тоа беше најдоброто нешто што го имам направено за себе.“
„Незнаењето го успорува напредокот на секој човек поединечно, како и на човештвото.“
„Најважниот продукт на создавачкиот ум е изумот.“
„Ако не знаете како, набљудувајте ја природата, таа ќе ви даде јасни одговори и инспирација.“