Во 1927 година се одржала петтата Солвеј конференција, а на состанокот учествувале најголемите умови на сите времиња. Станува збор за стара фотографија на која се фотографирани 29 научници од кои 17 добиле Нобелова награда. Единствената личност меѓу нив која таа награда ја има добиено два пати за две различни области е познатата хемичарка Марија Кири.
Претходните научни собири ги организирал белгискиот научник Ернест Солвеј, додека петтата и една од најзначајните научни конференции се одржала по смртта на Солвеј, во октомври 1927 година.
На фотографијата се фотографирани, од лево на десно:
Горен ред: Огист Пикард, Емил Анрио, Пол Ехренфест, Едуард Херзен, Теофил де Дондер, Ирвин Шредингер, Ж. Е. Вершафел, Волфганг Паули, Вернер Хајсенберг, Ралф Фаулер, Леон Бриљуан.
Среден ред: Питер Дебје, Мартин Кнудсен, Вилијам Лоренс Браг, Хендрик Ентони Крамерс, Пол Дирак, Артур Комптон, Луј де Броли, Макс Борн, Нилс Бор.
Долен ред: Ирвинг Ленгмуир, Макс Планк, Марија Кири, Хендрик Лоренц, Алберт Ајнштајн, Пол Лангвин, Чарлс Јуџин Гај, Чарлс Томсон Рис Вилсон, Овен Ричардсон.